Категории

РЕЦЕПТ: Брза вкусна и здрава вечера од компир, карфиол и кашкавал

Исклучително едноставен и брз за подготвување, овој оброк ќе ве воодушеви.

Ако сакате вашиот последен оброк во текот на денот да биде обилен, вкусен но и здрав, имаме идеален предлог за вас.
Запечен карфиол со компир и кашкавал е комбинација која се подготвува неверојатно лесно.

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр. компир
  • 200 гр. карфиол
  • 150 гр. рендан кашкавал
  • 500 мл. млеко
  • 1 лажичка мускатно оревче
  • сол и бибер
  • малку магдонос

ПОДГОТОВКА:
Излупете го компирот и исечете го на ситни коцки, па ставете го во плех. Потоа рачно одвојте го карфиолот на парчиња па додадете го во парчињата компир. Ставете половина литар млеко, додадете сол, бибер и мускатно оревче па потоа измешајте го целото јадење.
Потоа преку се додадете и рендан кашкавал. Печете во рерна на 160 степени околу 15 минути. Кога јадењето  готово, додадете и малку магдонос.

Пријатно!

Прегледи:
1068
Објавено на:
16.12.2020