Категории

РЕЦЕПТ: Caprese торта – Совршен спој од чоколадо и бадеми

За оригиналната торта потребни се јајца, мелени бадеми, црно чоколадо, шеќер и маргарин. За специјална арома на цитрус, додадете рендана кора од портокал, а за подобар пораст, лажица рум или коњак. Бидејќи тортата не содржи брашно, таа е особено погодна за сите оние кои се на диета без глутен.

СОСТОЈКИ:
(за калап со дијаметар од 22-24 см)

  • 4 јајца
  • 150 гр шеќер во прав
  • 150 гр црно чоколадо
  • 200 гр мелени или сецкани бадеми
  • 130 гр маргарин
  • Дополнително (опционално):
  • 1 лажица рум или коњак
  • рендана кора од портокал

ПОДГОТОВКА:

Стопете ги чоколадото и маргаринот на пареа и оставете ја смесата да се олади. Потоа одделете ги жолчките од белките. Направете цврст снег од белките и половина од шеќерот во прав. Изматете ги жолчките со шеќер, додадете го стопеното чоколадо со маргаринот и мешајте уште неколку минути, но со намалена брзина. Во смесата додадете мелени бадеми и полека промешајте ги со шпатула.

Додадете рум, кора од портокал и малку белки, внимателно мешајќи. Истурете ја смесата во намастен калап (обложете го дното со хартија за печење) и ставете ја во загреана рерна на 170 степени, а потоа печете 30 минути. Користете чепкалка за заби за да бидете сигурни дека е готово. Тортата мора да остане влажна и кремаста во средина. Извадете го колачот од рерна и оставете го да се излади. Посипете со шеќер во прав.

Пријатен апетит!

Прегледи:
771
Објавено на:
08.03.2021