Категории

РЕЦЕПТ: Чоколадни штангли со бисквити

Највкусниот ситен десерт спремен за 15 минути.

Десерт кој се прави за кратко време а исто така и се јаде. Може да се прави и во посна варијанта.

СОСТОЈКИ:

  • 100 мл. млеко
  • 100 гр. путер
  • 100 гр. млечна чоколада
  • 250-280 гр. мелени бисквити
  • 80 гр. чоколадо за прелив или 2 лажици еурокрем

ПОДГОТОВКА:
Ставете го млекото, путерот и чоколадото да се готват. Гответе додека не се стопат. Отстрнете ги од ригнлата па во врелата смеса додадете ги бисквитите.
Соединетите состојки префрлете ги во потмачкан плех обложен со прозирна фолија.
Прелијте со еурокрем или стопено чоколадо.
Ставете го колачот во фрижидер да се стегне и исечете на правоаголни штангли.

Овој колач може те даго правите и во посна варијанта, наместо млеко да користите вода. Наместо путер користете маргарин. Користете посни бисквити и посна чоколада. Прелијте со чоколадна глазура од посно чоколадо и масло.

Прегледи:
769
Објавено на:
03.12.2020