Категории

РЕЦЕПТ: Чоколадно парфе како иделаен здрав десерт

Крцкав десерт во чаша е нашиот предлог денес.


СОСТОЈКИ:

  • 150 гр корнфлекс
  • 100 гр црно чоколадо
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 банани
  • 180 гр павлака
  • 200 гр крем сирење
  • 1 лажица мед
  • какао

ПОДГОТОВКА:

Во сад, ставете чоколадо, мед и кокосово масло и стопете сè на пареа. Ставете корнфлекс во вреќа за замрзнувач и иситнетее го со  кујнски чекан, но така да останат поголеми парчиња.

Потоа комбинирајте го со претходно стопена мешавина од чоколадо, мед и кокосово масло. Во друг сад, лажица заедно ставете ја павлаката, сирењето и медот. Исечете ги бананите на кругови.

Прво истурете ја мешавината од корнфлекс, бананите и потоа смесата со сирење во чашите за сервирање. Ставете ги чашите во фрижидер за ладење на десертот, и посипете го со какао пред да го сервирате.

Пријатен апетит!

Прегледи:
1663
Објавено на:
23.02.2021