Сладок ананас печен во сопствен сок со додаток на мед, кафеав шеќер, лимон и ароматични зачини! Ова едноставно задоволство го одзема здивот.
Состојки:
- свеж ананас
- две лажици кафеав шеќер
- две лажици мед
- половина лажичка цимет
- лажичка екстракт од ванила
- ѕвезден анасон
- сок од половина лимон
Подготовка:
Исчистете го ананасот, па ставете го во плех со соодветна големина.
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Измешајте ги шеќерот, медот, ванилата, циметот и сокот од лимон, па со добиената смеса премачкајте го ананасот. Печете 20-25 минути додека ананасот убаво не порумени. Сервирајте топло, по желба со сладолед.
Уживајте!