За многумина, намазот од лешник е омилено уживање. Одлично оди со палачинки, се мачка на леб, но се јаде и со лажица . Сепак, оној што го купуваме во продавницата е полн со шеќер и разни додатоци кои не се многу добри за нашето тело. Постои здрава варијанта на нутела, која лесно се подготвува и ја пропишува нутриционист.
Ума Најду, нутриционист и психијатар, го сподели својот рецепт за намаз од чоколадо и лешник без додаток на шеќер, кој лесно ќе го подготвите, а неговиот вкус ќе ве воодушеви.
СОСТОЈКИ:
- 2 чаши излупени лешници
- 100 грама црно чоколадо (80%)
- лажица какао во прав
- 2 лажици мед
- половина лажичка инстант кафе
- лажичка екстракт од ванила
- лажица кокосово масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ставете ги лешниците во плех обложен со хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 180 степени. Печете околу десет минути, но следете затоа што лесно можат да изгорат.
Растопете го чоколадото во сад ставен на тенџере со врела вода, па ставете го заедно со лешниците во блендер и исецкајте додека не добиете мазна паста. Додадете ванила, мед, какао и кафе и проверете ја густината – ако лешниците се суви, можеби ќе треба да додадете лажица кокосово масло, но ако сте задоволни со текстурата, прескокнете го овој чекор. Истурете во чиста тегла и чувајте во фрижидер.
Пријатен апетит!