Категории

Рецепт: Крем чорба од брокули со препечен леб

Вкусен оброк за цело семејство – Лесно и здраво јадење кое сите ќе го обожаваат

Состојки:

  • 1 главица црн лук
  • 2 чешни бел лук
  • 1 голема главица брокули
  • 1 голем компир
  • 1 морков
  • 1 л вода
  • по вкус сол и бибер
  • масло по потреба
  • 2-3 лажици кисела павлака
  • по желба препечен леб

Начин на подготовка:
Излупете го и ситно исецкајте го црниот и белиот лук. Компирот и морковот исчистете ги па потоа исечете ги на парчиња, морковот нека биде на кругови.
Брокулата поделете ја на цветови и ставете ја да одстои во студена вода. Коренот од брокулата измијте го и насечете го на ситни коцки
На масло испржете го црниот и белиот лук се додека не се искристализира. Додадете го компирот, морковите и коренот од брокула. Пржете неколку минути со често мешање, потоа додадете литар вода. Кога ќе зоврие, посолете и ставете бибер по вкус и гответе уште 10-15 минути.
Додадете ги цветовите брокула и гответе додека не омекнат.

Почекајте малку да олади, па подготвениот зеленчук заедно со водата во која се готвел изматете го во блендер. Додадете и кисела павлака, па заедно изблендирајте. Служете со препечени парчиња леб.

Прегледи:
645
Објавено на:
29.07.2020