Категории

РЕЦЕПТ: Лесен есенски ручек кој ќе го подготвите за миг

Ако немате време за повеќечасовно стоење покрај шпоретот а притоа сакате вкусен и здрав оброк, ви споделуваме одличен рецепт.

Сезоната на есенскиот зеленчук е тука. Пазарите се преполни со зрели тиквички, пиперки и нашите омилени патлиџани. Доколку трагате по рецепт за оброк кој се подготвува лесно а притоа се комбинира со мноштво различни вкусови на зеленчук и риба, овој рецепт кој го издвоивме за вас сигурно ќе ви се допадне.

СОСТОЈКИ:

  • 2 поголеми патлиџани
  • конзерва туна на парчиња
  • 2 дл пасиран домат
  • 1 поголем домат
  • 2 помали моркови
  • 1 тиквичка
  • 1 главица црн лук
  • 1 чешна бел лук
  • пармезан
  • маслиново масло
  • сол и бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пресечете ги патлиџаните на половина за да добиете 4 еднакви делови. Во средината издлабете ги со нож и и извадете ја. Посолете и оставете настрана за од него да излезе горчината.
Црниот лук и морковите исецкајте ги на ситни парчиња и испржете ги во тава. Исецкајте ја тиквичката на ситни делови, посолете ја и оставете ја на кратко. Потоа додадете ги парчињата тиквички и патлиџан во динстаниот лук и моркови. Потоа додадете го и пасираниот домат и лесно мешајте. Наполнете ги издлабените патлиџани со смесата во која на крај ќе додадете и туна. Покријте ги со парчиња домат и напрскајте ги со маслиново масло и ставете ги во загреана рерна и печете на 220 степени. Пред самиот крај додадете пармезан.

Прегледи:
857
Објавено на:
03.10.2020