Оваа недела ви подготвивме рецепт, богат со вкусови, кој ќе биде омилен на менито на целото семејство. Станува збор за ќофтиња во сос од пиперки и сирење, со кои како прилог совршено оди пире од компири.
Состојки:
- 150гр сирење по желба
- 100гр пиперки
- Лажичка чили
- Лажица сенф
- 2 лажици мајонез по желба
- 550гр. мелено говедско месо
- 1 јајце
- Путер
- Малку бибер и сол
Подготовка:
Во сад измешајте го ренданото сирење, сецканите пиперки, чили, сенф, мајонез и биберот. Откако состојките ќе се соединат, оставете ја смесата да отстои додека го подготвувате говедското месо.
Во меленото говедско месо додадете го јајцето, солта и биберот и убаво измешајте. Потоа додадете го месото во предходно направената смеса и повторно измешајте.
Стопете го путерот и во него пржете ги ќофтињата, обликувани со рака, додека не поцрвенат.
Послужете ги со прилог од пире од компири.
Уживајте!