Со овој рецепт имате можност да ги изненадите најблиските со свежи и топли сендвичи кои се базираат на мексиканската традиција на бурито сендвичи.
Состојки:
- 1 голема тортиља
- Малку пржено пилешко
- Половина домат
- Зелена салата
Подготовка:
Загрејте ја тортиљата во микробранова печка. Врз тортиљата ставете го прженото пилешко, доматот исечкан на тркалца и зелена салата. Замотајте ја тортиљата и уживајте во оброкот! Добар апетит!