Подгответе вкусен печен компир на едноставен начин, кој е мек и се топи во уста. Потребно е многу малку масло, а мајонезот му дава посебен вкус под непцата. Уживајте во овој супер рецепт.
Состојки:
- 1,500 г компири
- 4 полни лажици мајонез
- 3 лажици палента
- 1 лажица ситна црвена пиперка
- 1 лажичка сол + да се посоли варениот компир
- лук во прав или друг зачин (не е задолжително)
- 2 лажички масло
- сусам (не е задолжително)
Подготовка:
Излупете ги компирите и ставете ги да се варат. Варете ги околу 20 минути за да не бидат премногу меки. Оставете ги да се оладат па посолете ги, ставете ги на голем плех кој е обложен со хартија за печење (може и без). Секој компир премачкајте го со премазот од мајонез, ставете сусам по желба и печете на загреана рерна на 220 степени. Предноста на овој компир е што и кога ќе се олади и отстои е мек и многу вкусен.
Добар апетит!