Категории

Рецепт на денот: Пудинг од круша и ѓумбир

Денес ви подготвивме едноставен рецепт за домашен пудинг со кој ќе го израдувате вашето семејство. Се подготвува многу брзо, и доколку сте обожавател на необични вкусови, ќе ја обожавате комбинацијата на круша и ѓумбир.

Состојки:

  • 2 круши
  • 50гр путер
  • 50гр брашно
  • 50гр шеќер
  • Јајце
  • Лажичка ѓумбир
  • Лажичка рендана кора од портокал
  • 2 лажици сируп од ѓумбир

 

 

Подготовка:

Исечете ја хартијата за печење и ставете ја во тавите за пудинг, претходно премачкани со путер. Притиснете ја хартијата долж дното на тавите за убаво да се вклопи со секој раб.

Излупете ги крушите и исецкајте ги на мали парчиња.

Во сад измешајте ги заедно шеќерот, брашното, јајцата и путерот додека не се формира тесто. Потоа додадете ја кората од ѓумбир и портокал и измешајте со раката.

Истурете лажичка сируп од ѓумбир во тавите за пудинг, додадете ги крушите и истурете го тестото. Ставете ги тавите во микробранова печка и печете ги околу 4 минути, на највисока температура.

Кога пудингот малку ќе излади, можете да го декорирате со шеќер во прав и парчиња круша.

Добар апетит!❤

Прегледи:
403
Објавено на:
09.09.2019