Категории

Рецепт на денот: Вкусен домашен хумус

Нема причина зошто да не го направте сами, повкусен е од повеќето кои можете да ги купите, а лесно се прави.

Стигна од Блискиот исток и не освои со брзина на светлината. Хумусот е здрав и одговара со се, како намаз на сендвичите и хамбургерите, одличен е и да го мачкате на морков, краставица или друг зеленчук.

Потребни ви се две шолји наут(сварен или конзерва), три лажици тахини или таан, три лажици екстра-девствено маслиново масло, две лажици лимонов сок, лук, лажичка сол, полвина лажичка бибер. Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте најмалку 5 минути. Пробајте го и додадете уште зачини ако е потребно, ако е густо додадете малку вода во која сте го вареле наутот или пак вода од конзервата.

Потоа, играјте се со состојите, додадете маслинести, јаткасти плодови, уште некој зачин. Интересна е варијантата во која се мешаат модар домат, тиквици, пиперка и чаша зеленчук и се додаваат на хумусот, па се заедно се меша. Ако немате намаз од сусам, пробајте некој друг со путер од јаткасти плодови. Но, таанот/тахинито се совршени поради својот горчлив вкус.

Совет плус:

Вака приготвениот хумус можете да го чувате една недела во фрижидер. Ако немате вишок, заледете го, но пред да го ставите во замрзнувач, ставете малку масло на врвот. Кога ќе го извадите од замрзнувач, состојките можеби малку ќе бидат одвоени, но само промешајте ги и ќе добиете ист квалитет како пред замрзнувањето.

Прегледи:
2738
Објавено на:
07.06.2018