Категории

РЕЦЕПТ: Најфината британска пита Banoffee

Кога еднаш ќе ја вкусите, ќе сакате да ја правите постојано

Овој класичен британски тесерт ќе ве освои со својата едноставност и комбинацијата на вкусот. Banoffee е пита која се состои од кекс, dulce de leche млечна карамела и банана шлаг. Овој спој од различни вкусови ја прави препознатлива на сите страни на светот.

Dulce de leche или млечна карамела можете да направите сами или да ја купите.
Сами можете да ја направите користејќи млеко, путер и шеќер.

СОСТОЈКИ:

  • 250 гр. кекс
  • 120 гр. путер (стопен)
  • 1 лажица мед
  • 200 мл. млеко
  • 2 банани
  • 300 мл. прашок за шлаг
  • парчиња чоколадо за украсување по желба

ПОДГОТОВКА:
Иситнете го кокесот и ставете го во сад. Подгответе кружен калап за пита и намачкајте го со малку путер.
На оган растопете го путер па додадете го иситнетиот кекс. Додадете и мед. Сето тоа добро соединете го па смесата префрлете ја во калап. Додадете ги кексите и ставете го во фрижидер да се стврдне 10-тина минути.
Додадете ја домашно подготвената млечна карамела врз подлогата. Исецкајте ја бананата на парчиња и ставете ги над млечната карамела.
Од правот за шлаг пена подгответе ја пената и премачкајте ја питата. По желба украсете со чоколадни парчиња.

Прегледи:
871
Објавено на:
22.10.2020