Категории

РЕЦЕПТ: Најпопуларното кафе на годината на алкохолен начин  

Беше само прашање на време кога Далгона кафето ќе добие своја алкохолна верзија. Ние го имаме рецептот кој ќе сакате да го пробате уште веднаш.

Ретко кој рецепт го освои светот како Далгона кафето оваа година. Секако во тоа придонесе почетокот на глобалниот карантин кога одењето во кафич беше оневозможено па моравме самите на експериментираме дома припремајќи совршена шолја кафе во која се навикнавме да уживаме. Идеите беа споделувани на социјалните мрежи, особено Тик-Ток, а еден начин на подготовка одлучија да го испробаат сите.

Далгона кафето е толку едноставно затоа што состојките во него воглавно веќе ги имаме во кујната – инстант кафе, шеќер, млеко,  и евентуално лед е се што ви е потребно.
А потоа се појавија и негови варијанти, Далгона кафе со Нутела, розово Далгона кафе и слично..
Но она што дефинитивно ни звучи примамливо во after work часовите или за уживање во текот на викендите е Далгона кафе на алкохолен начин. Беше само прашање на време кога оваа варијанта ќе се популаризира помеѓу корисниците на социјалните мрежи.

Подготовка на Далгона алкохолно кафе:

  • 2 чајни лажици инстант кафе
  • 1-2 лажици шеќер
  • 2 лажици врела вода

Изматете го инстант кафето и шеќерот во 2 лажици врела вода додека не добиете кремаста смеса како шлаг. Пред да ја додадете во млекото, во него истурете 4 лажици алкохолен напиток Бејлис кој на кафето ќе му даде кремаста и слаткаста Irish Coffee димензија. Потоа додадете ја претходно подготвената кофеинска смеса. За крај доколку сакате можете да додадете и мраз.

Прегледи:
556
Објавено на:
28.08.2020