Категории

РЕЦЕПТ: Највкусната здрава супа од целер

Зимата сè уште не стивнува, а нашето тело едноставно плаче за свежина и витамини. Затоа витаминската супа е вистинскиот избор за овие денови, која пред се ќе ве загрее, а потоа ќе ве зајакне.

Овој пат нашиот избор е вкусна крем супа од целер, која е полна со витамини и минерали и е одличен избор за секој кој сака да изгуби некој килограм. Зашто, иако сега не изгледа така, на првиот агол не чека пролет, а ние ќе бидеме спремни и згодни за неа.

Состојки за 4 лица:

  • 1 кромид
  • половина целер (корен)
  • 2 моркови
  • 3 компири
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици јогурт
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол, бибер, риган

Подготовка:

На масло пропржете го кромидот и сечканиот целер. На крај додадете го сечканиот лук.

Додадете 1 литар вода и додадете компири, моркови и зачини исечкани на коцки. Гответе ја супата 20 до 30 минути.

Сварената супа тргнете ја од ринглата, додајте го јогуртот и целата содржина измешајте ја со миксер. Послужете ја супата и додадете уште малку јогурт по желба.

Прегледи:
767
Објавено на:
20.03.2022