Категории

РЕЦЕПТ: Посен традиционален колач – Круна на празничната трпеза

Како да направите традиционален колач и да го украсите.

Традиционалниот колат е круна на секоја трпеза и домаќинките во него вложуваат многу труд и љубов. Денес ви донесуваме рецепт за него и за украсувањето.

СОСТОЈКИ:

  • 600 гр. брашно
  • 5 лажици масло
  • квасец
  • 1 лажица сол
  • 1 лажичка шеќер
  • млака вода

ПОДГОТОВКА:
Надојдениот квасец измесете го со останатите состојки за да направите меко тесто. Тестото оставете го да се накрене. Од накренатото тесно обликувајте го колачот и оставете уште малку да нарасне.
Зовријте малку вода и од една лажичка брашно намачкајте го колачот пред печењето и ставете украси по желба.

СОСТОЈКИ ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ:

  • 20-30 мл. вода
  • 2 лажички масло
  • 2 лажички брашно
  • малку шеќер (за убава боја на колачот)

СОСТОЈКИ ЗА УКРАСИ:

  • 200 гр. брашно
  • 50 гр. густин за украсите да бидат бели
  • 120-130 мл. вода (100 мл. обична вода и околу 25 мл. осветена вода)
  • 1 лажичка сол

Можете да ја намалите количината на состојките доколку подготвувате помалку украси. Меѓутоа ако планирате да правите и плетенка околу колачот тогаш направете дупла мера тесто за украсите.
Во зависност од тоа колку сте вешти, од смесата можете да направите украси во вид на птици, книги, грозд, крст, ружи, цветови, листови..

Прегледи:
853
Објавено на:
19.12.2020