Категории

РЕЦЕПТ: Пост-велигденска салата со преостанатите јајца

Трет ден Велигден и сите во куќата остануваат со неизедени скршени велигденски јајца. А за да не ги фрлате, можете да ги користите за целосно ново јадење. Тоа е одлична салата со јајца, макарони и шунка.

Се прави брзо и лесно, а сигурно ќе им се допадне на сите. И, тоа може да биде додаток на вашата трпеза или дури и целосен оброк.

СОСТОЈКИ:

  • 3 варени јајца
  • 250 гр варена шунка
  • 100 гр варени тестенини
  • 100 гр мајонез
  • 1 павлака
  • 1 мал рендан морков
  • лажичка сенф
  • магдонос, сол и бибер
    Начин на подготовка

ПОДГОТОВКА:
Исечете ги белките на мали коцки, а одделно измешајте ги жолчките со претходно исецканата шунка. Комбинирајте јајца и шунка, додадете варени тестенини и измешајте кисела павлака, мајонез и сенф. Зачинете со сол и бибер по вкус. Послужете ја добро измешаната салата во подлабок стаклен сад.
Посипете го горниот слој со рендан морков и магдонос.

Добар апетит!

Прегледи:
682
Објавено на:
04.05.2021