Во шолја од овој напиток со чоколадо живее среќа.
Во текот на зимските попладниња, сите сакаат само едно: Да се стуткаат во своето омилено ќебе со својата омилена серија, филм или книга и да уживаат во чаша некој топол напиток. А зошто изборот за студените вечери не би бил, да речеме – топла чоколада? И зошто наместо класична верзија не би ја испробале оваа зимска варијанта со додаток на рум и цимет? Баш за ова уживање го имаме вистинскиот рецепт.
СОСТОЈКИ:
- 1,5 л. млеко
- 250 гр. насецкана црна чоколада
- 200 мл. слатка павлака
- 1 мала лажичка цимет во прав
- 5 лажици рум
ПОДГОТОВКА:
Во голем сад ставете го млекото, павлаката, румот и циметот. Загрејте до степен на вриње на средно силен оган. Кога ќе зоврие, тргнете од оган и веднаш додадете ја чоколадата. Добро мешајте со лажица додека цела чоколада не се стопи и не се соедини со течноста. Префрлете во шолји и веднаш послужете. Врелата чоколада по желба можете да ја украсите со слатка павлака а можете да додадете и колачи од слез.
Пријатно!