Категории

Рецепт за бајадера: Кралица помеѓу колачите повеќе од 100 години!

Нашите баби ја подготвуваа во сите прилики

Состојки:

  • 500 гр. шеќер
  • 200 мл. вода
  • 200 гр. мелени бисквити
  • 150 гр. мелени ореви
  • 125 гр. маргарин
  • 100 гр. чоколадо

 

За глазура:

  • 100 гр. чоколадо
  • малку маргарин или масло

 

Подготовка:

Ставете го шеќерот и водата да зовријат, а потоа тргнете од оган и оставете да се излади 5 минути. Потоа измешајте ги бисквитите и оревите и додадете го маргаринот и добро измешајте сè заедно.

Поделете ја смесата на два дела. Едниот дел останува каков што е, а во вториот дел додадете го растопеното чоколадо.

Врз светлиот дел поставете го потемниот додека смесата е сè уште топла. Добро притиснете и оставете да се излади, а потоа прелијте со глазура.

Прегледи:
625
Објавено на:
12.03.2020