Категории

Рецепт за домашен серум за лице против стареење – За сјајна кожа без брчки

Серумите против стареење се најефикасниот препарат во борбата против брчките, но во исто време имаат особено висока цена. Научете како самите да подготвите серум кој ќе биде подеднакво ефикасен за притоа и потполно природен.

Антиејџ серумите се ефикасни затоа што пред се содржат концентрати од материи кои се борат против брчките во поголема количина отколку кремите. Меѓутоа, нивната ефикасност ја надминаа растителни масла кои се покажаа како неверојатно делотворни во хидратацијата на кожата, изедначувајќи го тенот и ублажувајќи го постоечките и спречувајќи го настанувањето на новите брчки во подрачјето на лицето и вратот.

Природното масло од дива ружа и бадемово масло делува како „бришач на брчките“ и ја подмладува кожата, и ја враќа еластичноста и виталноста, а на лицето му дава свеж изглед.

Природните масла не содржат хемиски додатоци како парабени, кои се штетни, а притоа сета работа ја извршуваат на природен начин, без контраиндикации на вашата кожа или здравје.

Рецептот за домашен антиејџ серум од бадемово и масло од ружа можете да го направите и самите.

Потребни состојки:
-10 капки ладно цедено масло од дива ружа
-50 мл ладно цедено бадемово масло

Упатство за подготовка
Маслото од дива ружа и маслото од бадем ставете ги во стаклено шишенце (или тегличка) и добро промешајте. Мешавината оставете ја на ладно место да одстои неколку часа пред првото нанесување на лицето. Мешавината нанесувајте ја со лесни движења на лицето, вратот и деколтето, масирајќи ја во кожата. Серумот може да се користи секој ден, важно е само да го нанесувате на претходно добро исчистена кожа.