Категории

Рецепт за мартини пијалок според фенг шуи

Секој од нас понекогаш посакува малку алкохол.

Добро подготвениот пијалок може да стане украс на вашата забава, но и да биде заслужно за доброто расположение.

 

Состојки:

  • 1 портокал
  • 2 парчиња ѓумбир
  • 1 чили
  • 750мл. вотка
  • зачини: цимет, каранфилче, анасон

 

Користете ја кората од портокал за да формирате спирала. Извадете ја белата внатрешна пулпа од кората од портокалот. Потоа во шишето со вотка додадете ги кората од портокал, ѓумбирот, чилито и зачините. Оставете го да отстои една ноќ. Најдобро е пијалокот да го оставите во ладилник околу осум часа пред да го консумирате.

Пијалокот се служи во чаши за мартини.

 

Придобивките од пијалокот Мартини според фенг шуи

Тоа му обезбедува на телото многу важна енергија. Го загрева телото, дава позитивна енергија, го подобрува расположението и го поддржува дигестивниот систем.

Сепак, запомнете дека алкохолот е добар, само ако можете да бидете умерени кога го конзумирате.

Прегледи:
859
Објавено на:
16.03.2020