Категории

Рецепт за највкусниот омлет!

Јајцата се богат извор на протеини и енергија. Тие може да се подготват на неколку начини. Еден од нив е и како омлет. Омлетот е оброк во кој многумина уживаат, а лесно и брзо се подготвува. Овој рецепт е за највкусниот омлет кој можете да го подготвите.

  • Потребни состојки:

-3 јајца
-сол и бибер
-масло
-микс од зеленчук
-кашкавал

  • Начин на подготовка:

Во длабок сад изматете 3 јајца. Во врело тавче ставете масло и малку пропржете го зеленчукот. Потоа зеленчукот тргнете го на страна и во тавче ставете ги изматените јајца. Поклопете го тавчето за пржењето да биде подобро. Кога кајганата ќе биде готова, на едната страна од кајганата ставете го зеленчукот и посипете кашкавал. Оставете неколку секунди да се стопи кашкавалот, преклопете ја кајганата на половина и оброкот е подготвен.

Пријатен апетит!

Прегледи:
3437
Објавено на:
11.05.2019