Категории

Рецепт за овесна каша кој го поттикнува слабеењето и ги намалува масните наслаги!

Доколку сакате да изгубите масни наслаги, консумирањето овесни снегулки е добра навика која лесно ќе ја примените. Освен што вкусот на овесната каша е одличен, овесните снегулки го поттикнуваат и варењето, го одржуваат нивото на шеќер во крвта, го намалуваат апетитот и даваат енергија.

Доколку појадувате овесни снегулки ќе имате помала желба за дополнителни грицки во текот на денот и набргу ќе успеете да го контролирате апетитот и да ја вратите посакуваната тежина. За оваа сезона најдобро е да ја пробате неодоливата овесна каша со јаболки и цимет.

Состојки:

  • 1 шолја овесни снегулки
  • 2 шолји бадемово млеко
  • 1 јаболко (исечено на тенки кришки)
  • 2 лажички цимет
  • 2 лажички јаворов сируп
  • 1 шолја незасладено пасирано јаболко

Подготовка:

Во лонец средна големина промешајте го бадемовото млеко, овесните снегулки, циметот и јаворовиот сируп. Измешајте ги состојките и ставете ги на тивок оган, а кога млекото ќе почне да врие, тргнете го од оган и додадете го пасираното јаболко. Во добиената смеса додадете ги јаболките и оставете да отстои 15 до 20 минути.

Една порција каша содржи 309 калории, 5 г масти, 8 г влакна, 6 г протеини и 62 г јаглени хидрати.

Прегледи:
1668
Објавено на:
07.03.2019