Мафините се совршен избор кога ќе сакате да изненадите некој со нешто вкусно, а при тоа да не изгубите многу време во подготовка. Овој рецепт за чоколадни мафини ќе ги воодушеви и најпребирливите.
- Потребни состојки:
-2 јајца
-0.5 литри млеко
-4 децилитри шеќер
-4 децилитри масло
-1 килограм брашно
-1 прашок за пециво
-малку сол
-6 лажици чоколада во прав
- Глазура
-200 грама чоколада за готвење
-1 лажица масло
- За прелив
-Ореви, лешници или кокос
- Начин на подготовка
– Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете млеко и масло
-Помешајте ги брашното, прашокот за пециво и чоколадата во прав, додадете ги во смесата и добро измиксирајте
– Со смесата наполнете корпи за мафини така да остане 1 прст до врвот на корпата
– Мафините ќе се подигнат доволно за да остане место за чоколадната глазура да не истекува од корпите
– Печете на 180 степени 15-16 минути
– Додека се печат мафините, на пареа растопете чоколадо со малку масло
– Кога глазурата ќе биде мазна, тргнете ја од пареата малку да се олади
– Лешниците препржете ги и издробете ги на ситни парчиња
– Глазурата разлејте ја со лажица по мафините и одозгора посипете лешници
– Ставете ги на ладно да се стегне чоколадата
Пријатен апетит!