Категории

Рецепт за супер смути од банана: Ги согорува масните наслаги и го буди хормонот за среќа

Го поттикнува слабеењето, го чува здравјето на целиот организам и го подобрува расположението! Рецепт за најдобар смути од банана …

Бананите содржат многу хранливи состојки кои помагаат за здраво слабеење. Конзумирањето на банана ви помага многу бргу да се почувствувате заситено и да ја избегнете желбата за слатка и нездрава храна.

Бидејќи тие во себе содржат компоненти кои влијаат на сератонинот, познат како хормон за среќа, тие се одлични за подобрување на расположението. Употребата во вашата секојдневна исхрана исто така го зголемува и нивото на енергија во вашето тело.

 

Со ова смути, килограмите брзо ќе почнат да се топат. Заедно, неговите состојки му помагаат на организмот да согорува маснотии, да ни ја одржува енергијата во текот на денот и да ни го одржува рамномерно расположението.

 

Состојки:

  • 1 банана
  • 1 чаша јогурт или кефир
  • 2 исцедени лимони
  • 2 лажички мелен лен
  • 1 лажичка масло од кокос
  • малку цимет
  • малку мелен ѓумбир

Подготовка:

 

Измешајте ги сите состојки во блендер и ова смути е спремно.

 

Можете исто така да користите и замрзнати банани за да го направите пијалокот уште подобар и по освежувачки. Ги содржи сите потребни хранливи материи, па затоа е и добар избор за појадок.

Прегледи:
545
Објавено на:
22.10.2019