Категории

РЕЦЕПТ: Здрав и лесен чиа пудинг со банани

Веќе некое време се зборува дека чиа семето е суперхрана. Па, тогаш зошто да не го вклучите во вашето мени. Чиа пудинг со банана е лесен за подготовка, и може да биде брз и здрав оброк или можеби закуска. Ќе уживате како да сте јаделе слаткп, а сте внеле голема количина неопходни омега-3 масни киселини, како и други корисни состојки.

Денес ви претставуваме лесен рецепт за пудинг од чиа со банана.

СОСТОЈКИ:

  • чаша млеко
  • 4 лажици семе од чиа
  • половина банана
  • неколку ореви
  • цимет
  • лажичка мед

ПОДГОТОВКА:

Додадете семе од чиа во чаша млеко. Оставете да отстои дваесетина минути (или преку ноќ). Кога семето ќе отече, додадете исечкана банана, ореви, цимет и мед одозгора.

Семето на чиа содржи голема количина омега-3 масни киселини. Потрошувачката на оваа храна има позитивен ефект врз стимулирање на варењето на храната и помага во регулирање на телесната тежина, бидејќи тие го забрзуваат распаѓањето на мастите во организмот. Од друга страна, ако вклучите семе од чиа во вашето мени, позитивните промени ќе влијаат и на јачината на косата, ноктите, забите, коските и здравјето на крвните садови.

Пријатен апетит!

Прегледи:
956
Објавено на:
04.02.2021