Категории

РЕЦЕПТ: Здрава вечера која ги топи килограмите, го забрзува метаболизмот и чисти цревата

Доколку немате идеја што да јадете за вечера, ви предлагаме нешто едноставно, но ефективно. Ова е вечера со која можете да ослабете.

Нема повеќе стравови и грижи што ќе подготвите за вечера овој пат, нема повеќе барање здрави рецепти за завршување на денот, имаме комплетен, но навистина лесен предлог за вас. Сите нутриционисти се согласуваат дека последниот оброк во денот треба да биде лесен и полн со хранливи материи, а ние најдовме одличен рецепт кој ги исполнува сите овие барања.

Главната состојка на вечерата се чиа семките, кои се добри за нашиот организам поради неколку причини. Тие се богати со омега-3 и омега-6 масни киселини, влакна, антиоксиданси, протеини, како и со манган, магнезиум, фосфор и калциум. Има повеќе од доволно причини чиа семето да стане дел од вашата исхрана.

СОСТОЈКИ:

  • 4 лажици чиа семе
  • 2 банани
  • 250 ml вода
  • 250 ml млеко (обично или растително)
  • лажица мед
  • малку цимет

ПОДГОТОВКА:

Изгмечете ги бананите со вилушка, па измешајте ги со сите состојки. Подготвената смеса оставете ја во фрижидер преку ноќ. Чиа семето ќе отече и ќе ослободат посебна желатинозна материја, а со тоа ќе се згусне овој новоформиран пудинг. Подготвен е вкусен оброк за следната вечер.

Наместо млеко, можете да користите јогурт и секое овошје. А ако не сакате да чекате цела ноќ за пудинг, нема потреба да ја правите смесата попладне, оставете ја во фрижидер час до два и време е за здрава вечера. Истиот оброк е одличен за појадок, па нема да погрешите ако го јадете наутро.

Прегледи:
676
Објавено на:
15.03.2022