Категории

Револуција во модата: Фустан кој менува повеќе од 100 бои по ваша желба (видео)

Замислете да имате фустан кој менува бои во согласност со вашето опкружување или вашето расположение. Замислете фустан кој никогаш не се валка! Повеќе не замислувајте, тој веќе постои…

Онлајн продавницата  ‚‚Showpo”  го креирала овој фустан и со тоа најави вистинска модна револуција. Фустанот е направен од посебна ткаенина која може да рефлектира различни фреквенции на светлината, а е поврзан со апарат кој и испраќа сигнали на ткаенината и така ја менува светлината која ткаенината ја рефлектира.

Се што треба да сторите на iPad да смените боја и фустанот ќе стане таков. Сепак, се уште не е познато дали е ова само уште еден маркетинг трик или навистина станува збор за иднината на модата.

Прегледи:
414
Објавено на:
14.11.2016