Оваа чорба се подготвува за 30 минути, многу е вкусна, евтина и не бара многу вложување во подготовката. Доколку сте љубители на чорби, ова е вистинскиот избор за вас.
Состојки:
- 1 главица кромид
- 1 пашканат
- 1 корен од першун
- 1 целер
- 1 пиперка
- 1 поголем морков
- лист ловор..бибер во зрно
- 1 лажичка брашно
- 1 лажичка зачин за рибја чорба
- малку сув зачин
- мелен бибер
- 1 лажица црвен пипер
- лист целер и першун
- маслиново масло
Подготовка:
На малку масло пропржете го сецканиот кромид и додадете го подготвениот зеленчук исецкан на коцки. Динстајте па налијте вода да се вари оклу 15 мин.
Додадете го ловоровиот лист, биберот во зрно и исечената риба. Варете уште 10-15 минути. В малку вода растворете ги сите зачини, брашно, зачинот за риба, сувиот зачин, мелениот бибер и додадете ги во чорбата.
На крај, додадете го сецканиот лист од целер и першун.
Уживајте!