Категории

Ријана и Калвин Харис повторно ги здружија силите со новиот летен хит „This Is What You Came For“

По големиот хит „We Found Love“, Ријана и Калвин Харис повторно ги здружија силите за да ги радуваат своите обожаватели со нова музика. „This Is What You Came For“ е резултат од нивната нова соработка, а за првпат беше објавена на 29 април.

Музичките ѕвезди вчера го споделија и спотот за песната, режиран од Емил Нава.

Во видеозаписот, Ријана танцува во голема коцка од бело платно со разни ефекти и светла, а Харис се појавува само неколкупати.

Прегледи:
398
Објавено на:
17.06.2016