Категории

Ријана повторно на мета на озборувањата поради зголемената тежина (ВИДЕО)

Иако озборувањата започнаа уште во 2017 година, кога многу обожаватели коментираа дека се запуштила со зголемувањето на својата тежина, по нејзиниот настап на Греми наградите, негативните коментари продолжуваат. За овој настан, таа избра фустан со 275 000 кристали.

На синоќешното доделување на Греми награди во Њу Јорк, настапот на Ријана беше еден од оние кои ќе се паметат. Пејачката излезе на бина носејќи фустан со длабоко деколте, изведувајќи ја нумерата „Wild Thoughts“. Нејзиниот настап наиде на поделени коментари. Едни велат дека е секси, а други дека мора да ја намали својата тежина.

https://www.youtube.com/watch?v=Rkra7Ld0wNg

Едно е сигурно, со својата изведба таа даде до знаење дека негативните коментари не можат да влијаат врз нејзината самодоверба.

Прегледи:
435
Објавено на:
29.01.2018