Категории

Рики Мартин се вери, проговори за моментот кога му предложи брак на својот партнер

Рики Мартин и Џуан Јосеф ќе запливаат во брачните води. Во шоуто на Елен Деџенерис, 44-годишниот пејач откри дека му предложил брак на својот партнер.

Во шоуто, музичката ѕвезда го опиша моментот на запросувањето. „Бев многу нервозен, но клекнав на колено и ја извадив малата метална кутија која ја имав ставено во мала кадифена вреќичка и наместо да речам „Ќе се омажиш ли за мене“, јас реков „Имам нешто за тебе““ – вели Рики во видеото, покажувајќи колкава трема имал додека предлагал брак. Кога се свестил и кога го поставил судбоносното прашање, веднаш добил потврден одговор.

За време на гостувањето во шоуто, тој призна дека Џуан има посебна врска со неговите 8-годишните близначиња и дека многу се сакаат. „Тие се сакаат меѓусебно. Совршено е. Беше навистина специјално“ – изјави Рики.

ВИДЕО:

Рики Мартин и Џуан Јосеф

Рики Мартин и Џуан Јосеф

Прегледи:
315
Објавено на:
17.11.2016