Славниот латино американски заводник вчера во строга тајност пристигна во Загреб, каде наводно го пречекал познатиот хрватски дизајнер Виктор Драго.
Мартин сакал да привлече што помалку внимание, поради што својата локација не ја открил на социјалните мрежи. Наводно ја откажал и вечерата во еден луксузен ресторан во Загреб, откако веста за неговото пристигнување во Хрватска, завршила во медиумите.
Претходно, Рики Мартин ги посети Ница и Сардинија, од каде продолжил за Хрватска. Се надеваме дека ќе дојде и во Македонија.