Британската пејачка Рита Ора се појави на доделувањето на Ехо наградите во Германија во потполно неочекувано издание. Бидејќи најчесто е облечена провокативно и чудно, овој нејзин елегантен фустан пријатно ги изненади присутните.
Таа во зелен фустан со длабоко деколте изгледаше потполно привлечно.
Во комбинација со дијамантскиот каиш кој го истакнува нејзиниот струк и внимателно одбрани обетки, целосниот изглед е полн погодок.