Категории

РК Голден Арт КЛ7 станува суперлигаш

Ракометната Федерација на Македонија на вчерашниот состанок на УО донесе одлука со која во македонската Супер лига ќе се натпреваруваат 16 клубови, наместо досегашната бројка од 12. Со тоа во најсилната лига влегуваат најуспешните четири екипи од Првата лига. Со ова РК “Голден Арт КЛ7” од следната сезона станува суперлигаш.

Целта на клубот кој од август 2019 стана нов ракометен субјект во Првата лига, беше влез во Супер лигата преку квалитетен тренажен процес и професионален развој на младите играчи. Стратегијата до која се држи и работи РК “Голден Арт КЛ7” е афирмација на млади македонски талентирани играчи, која покажа резултати во досегашниот дел од првенството.

Со овој чекор напред и учество во најсилната домашна лига ќе се засили и досегашната обемна работа, но и мотив за постигнување на повисоки резултати. Со ангажманот на талентираните млади домашни играчи, максимална посветеност и работа покажавме дека може и мора да се даде можност на нашите ракометари.

РК КЛ7 во март се ребрендира и во Супер лигата ќе настапува со ново име РК “Голден Арт КЛ7”. Благодарение на најуспешната градежна компанијата во Македонија “Голден Арт”, се гради и овој клуб. Својата општествената одговорност во различни области “Голден Арт” ја покажува цели 15 години уште од своите почетоци, а во последните 5 години ја насочува и кон младите и спортот, како голем поддржувач на македонскиот ракомет. Со долгорочни цели поставени на здрави основи, дисциплина и континуирана професионална посветеност РК “Голден Арт КЛ7” продолжува во Суперлигата.

Да потсетиме, заради вонредната ситуација во светот а со тоа и во Македонија, РФМ беше приморан да го заврши првенството. При тоа одлучи да нема прогласување на шампион.

Сите посакуваме час поскоро животот да се нормализира и спортистите да се вратат онаму каде што припаѓаат, на терен во сала.

Прегледи:
802
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
14.05.2020