Категории

Роберт Де Ниро во модната приказна на Ermenegildo Zegna

Брендот Ermenegildo Zegna ја претстави својата најнова кампања со познатата холивудска икона Роберт Де Ниро во главна улога.
Кампањата го носи називот Defining Moments”, а се состои од фотографии и краток филм во режија на познатиот Francesco Carrozzini. Во придружба на популарнот актер се појавува и младиот Мекаул Ломбарди, новото дебитантско име во Холивуд.
Со оваа кампања брендот сака да го помести фокусот на своите клиенти, и да ја преточи својата модна приказна преку воспоставување блиски односи помеѓу своите обожаватели. Поголемиот дел од приказната за сега се држи во тајна, и сеуште не е познато кога ќе биде претставен пред широката публика.

    

Прегледи:
483
Објавено на:
21.02.2017