Категории

Робин Рајт ја презема главната улога во последната сезона на познатата серија

Последната сезона од серијата “House of Cards” ќе продолжи со снимање во 2018 година, но без актерот Кевин Спејси.

Кевин се најде во фокусот на вниманието на јавноста поради тужбите упатени кон него за сексуално насилство.

Директорот на Netflix, Тед Сарандос открил дека во новите епизоди на “House of Cards” ќе има пресврт така што фокусот ќе биде насочен кон Робин Рајт, една од главните протагонисти во серијата.

Последната сезона ќе има осум епизоди за разлика од претходната сезона.