Категории

Родители си го заборавиле бебето во такси!

Новороденчето носи многу обврски за родителите, па често тие се постојано уморни и збунети. Во Германија, родители на новороденче доживеале вистинска драма откако го заборавиле бебето во такси.

Родители на новородено бебе во Германија го заборавиле бебето во такси со кое се враќале од болница. Хамбуршката полиција соопштила дека парот при излегување од таксито го зел со себе постарото дете кое имало 1 година, платиле и се поздравиле со возачот. Откако таксито тргнало сфатиле дека им недостасува најмладиот член на семејството. Таткото тргнал кон таксито, но не успеал да го стигне. Возачот незнаејќи дека во колата има новороденче, го паркирал автомобилот во подземна гаража и заминал на ручек. Откако се упатил кон аеродромот, возачот сфатил дека има бебе во колата. Повикал полиција, а бебето по извршениот лекарски преглед било вратено на родителите.

Прегледи:
598
Објавено на:
23.05.2019