Категории

Родителите се воодушевени: Новиот метод на воспитување РЕИ дава големи резултати

Овој метод ги охрабрува родителите да размислуваат повеќе и да го анализираат своето дете за да најдат најдобар начин за комуникација со него.

Родителите честопати имаат дилема како да го едуцираат своето дете и што ќе даде најдобри резултати.

Кога станува збор за родители со едно дете, честопати се јавува страв. Многу прашања ги мачат, особено дали ќе бидат добри родители и дали ќе го изведат своето дете на вистинскиот пат.

Кој начин и да го изберете, најважна е упорноста, како и да не се откажувате на првата пречка.

Методот на воспитување РЕИ донесе вистинска револуција и многу родители почнаа да го применуваат овој принцип.

РЕИ е скратеница од „Resources for infant educarers “

Суштината на овој метод е уште од раѓање вашето бебе да го третирате како уникатно човечко суштество, како веќе формирана личност.

Бидејќи, целта е да се одгледа автентично дете, кое ќе се чувствува безбедно, уверено, самостојно и способно да се поврзе со луѓето.

Експертите кои го патентираа тврдат дека начинот на кој комуницирате со вашето дете влијае врз развојот на целата негова личност и формирањето агол од кој ќе го гледа светот.

Овој метод ги поттикнува родителите да размислуваат повеќе и да го анализираат своето дете за да го најдат најдобриот начин за комуникација со него.

На овој начин најдобро ќе ги разберат потребите на своето бебе.

Принципот на овој метод е да се разговара со него како со возрасен.

На детето му се дава да си игра со чинии и лажици, наместо со скапи играчки.

Целта е да му се обезбеди многу време за непречена, самостојна игра и да му се покаже воодушевување за сè што прави.

Прегледи:
384
Објавено на:
12.09.2019