Категории

Рок ѕвездата Мик Џегер на 73 години стана татко по осми пат

Можеби е најголемата рок ѕвезда во светот, но денес тој е само татко.

Мик Џегер на 73 години, заедно со неговата девојка Мелани Хемрик, денес добиле момче.

„Мајката и бебето се добри и семејството замолува за приватност во овој период“ – известува публицистот на Џегер за BBC, додавајќи дека новите родители се пресреќни.

My tutu has gotten tight! ❤️❤️ #ballerina #abt #lifeisbeautiful @abtofficial #maternitystyle @inspirepregnancy

A photo posted by Melanie Hamrick (@melhamrick) on

Ова е за Џегер осмо дете, а неговото најстаро има 45 години. Џегер во 2014 година стана и дедо, кога неговата ќерка Џејд Џегер доби дете.

Се чини дека The Rolling Stones имаат добра година, уште еден член, Рон Вуд, на 68 години оваа година стана татко на близнаци, а како група го издадоа албумот Blue and Lonesome после 11 години.

 

Прегледи:
441
Објавено на:
08.12.2016