Категории

Ролинг Стоунс слават роденден: Легендарната група денес слави 56 години постоење!

На денешен ден во 1962. година во лондонскиот клуб „Марки“ на сцената за прв пат службено се појавиле легендарните Ролинг Стоунс! Денес, по 56 години и понатаму се најпопуларниот рокенрол состав на светот – „лошите момци“ од кои и потекнува познатата изрека „секс, дрога и рокенрол.“

За жал, оваа парола била и нивната животна филозофија, па поради неа бендот претрпел и измени, но оние кои останале и немаат намера да запрат се Мик Џегер (74) и Кит Ричардс (74).

Веќе 43 години овој бенд постои во состав од Мик Џегер (74), Кит Ричардс (74), Чарли Вотс (77) и Рони Вуд (71), а тие и ден денес го држат рекордот за најголем рок концерт во историјата – на плажата Копакабана во Рио во 2006. година, кога на нивниот концерт присуствувале дури 1,5 милиони гледачи. Нивните песни („I Can’t Get No) Satisfaction“, „Jumpin’ Jack Flash“ и „Brown Sugar“ се сметаат за своевидни химни во рокенролот. По повод неодамнешната турнеја, Мик Џегер изјавил: „Ќе дојде време кога повеќе нема да сакаме да го работиме ова, од било која причина- но ова лето не размислувам за тоа. Не сме за во пензија.

Занимливости:

  • Мик Џегер обожавал балет, а еден период и играл
  • Џегер на 73 години доби син со 44 години помлада балерина
  • Основале фондација за дури 31 признаено дете
  • Досегашната дискографија опфаќа 120 синглови, 30 студиски албуми, 23 албуми во живо, 25 компилации
  • Само од концерти заработиле преку 750 милиони