Најпознатиот спортски пар во нашата земја Костадин Захов и Јованка Радичевиќ очигледно минуваат прекрасни денови заедно. Добро им оди и во професионалните кариери, но демонстрираат и семејна хармонија. Позната е пасијата и на двајцата кон музиката, а голманот на Шкендија е мајстор и со гитарата. Двајцата изведоа романтичен дует во нивниот дом на песната „Денови и години“ од Нина Бадриќ. Човек да се запраша дали се подобри на спортскиот терен или во музичките води?