Се сеќавате на романтичниот филмски хит „A Walk To Remember“? Изминаа точно 16 години откако за првпат беше прикажан.
Улогите на Лендон Картер и Џејми Саливан ги глумеа Менди Мур и Шејн Вест. Тие на своите профили на Инстафрам споделија фотографии од романтични моменти од филмот го одбележаа овој специјален ден.
Популарниот филм ја следи љубовната приказна на Џејми, ќерка на свештеник која страда од леукемија, и Лендон, бунтовникот кој се заљубува во неа и се труди да и ги исполни сите животни желби пред таа да ја изгуби битката со страшната болест.