Иако многумина тврдат дека е арогантен, Кристијано Роналдо е еден од најголемите хуманитарци меѓу светските фудбалери. Португалскиот репрезентативец тоа го покажа и овој пат, откако го замолиле да ги донира своите копачки за добротворна аукција за да се спаси 10-годишно дете.
Ерик Ортиз Круз имал и до 30 напади дневно поради нарушување на мозокот и животот му висел на конец. Сите со доза на скептицизам ја зеле во предвид одлуката на Роналдо дури и за копачки, а тогаш овој фудбалски великан повторно ги демантираше сите наводи за неговата ароганција и наместо копачки, направил многу поголема работа.
Имено, тој го платил целиот износ на операцијата од 83.000 долари! Од почетокот на неговата кариера беше третиран како „манекен на терен“, а со своите потези се` почесто прави да се посрами секој кој воопшто помислил на тоа.