Категории

Ротквиците се благодет на природата: Почувствувајте ја нивната магија!

Пролетта не може да се замисли без трпеза на која се присутни ротквиците. Овие коренести плодови помагаат во пролетното будење на организмот.

 

Неколку истражувања покажале дека ротквиците содржат супстанци кои се значајни за борба против ракот. Тие се богати и со влакна што ги прави посебно ефикасни во борбата против ракот на дебелото црево.
Ротквиците посебно се препорачуваат на тие кои во текот на зимата прележале бронхитис или воспаление на синусите. Освен тоа, спаѓаат во зеленчукот кој благотворно делува врз здравјето на кардиоваскуларните болни, го намалуваат холестеролот, го регулираат нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок.

Ротквиците исто така ја подобруваат работата на црниот дроб и жолчното ќесе и ја прочистуваат крвта. Влакната со кои изобилуваат го регулираат празнењето на цревата, па затоа конзумацијата на ротквици е ефикасна за исфрлање на токсини од организмот и спречување на појава на запек.
Овие црвени плодови се значајни и за здрава кожа. Успешно ги чистат акните од лицето, а делуваат и противвоспалително.

Пожелно е да се јадат, но и да се ставаат на проблематичното место на кожата. Можете да изблендирате ротквици, да додадете малку вода и да нанесете на кожата нежно втривајќи ја смесата со врвовите на прстите, а потоа да ја измиете кожата.

Сок од ротквици

Сокот од ротквици е одличен природен лек против уринарни инфекции. Овој напиток ефикасно го намалува чувството на печење, а е и одличен диуретски напиток кој го помага исфрлањето на бактериите.