Категории

Ручек готов за 10 минути: Пригответе вкусен лосос по следниот рецепт!

Кој вели дека ручекот не може да се подготви за 10 минути? Ова тврдење го побиваме со рецептот за лосос во комбинација со прекрасни ароми од зачини.

Состојки:

  • 450 гр филети лосос
  • 50 мл јаворов сируп
  • 60 гр сенф
  • 2 лажички маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • сол
  • бибер

Подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
  • Во сад измешајте го јаворовиот сируп, сенфот, исечканиот лук, малку масло, сол и бибер.
  • Ставете го лососот во мешавината и оставете го во фрижидер половина час.
  • Ставете ги филетите во плех за печење обложен со хартија за печење и печете 10-12 минути.
Прегледи:
1508
Објавено на:
20.01.2019