Категории

Ручек за денес: Пилешка чорба која го лечи телото и ја грее душата!

Израдувајте го телото и загрејте ја душата!

Состојки:

  • 1,5л вода
  • 1 помало пилешко филе
  • морков, пашканат, целер, магдонос
  • 1 главица кромид
  • 1 јајце
  • 2 лажици брашно
  • сув зачин, сол, бибер
  • сечкан магдонос, лист целер

Подготовка:

Белото месо исечкајте го на коцки, зеленчукот исто така. Кромидот исчистете го, но не го сечкајте, ставете го цел со месото и зеленчукот да се вари во 1,5 л вода.

Кога ќе се свари зеленчукот, извадете го кромидот и фрлете го. Долијте малку вода. Одвојте течност колку што собира во една црпалка, малку оладете ја и измешајте во неа две лажици брашно. Вратете ја во супата, со мешање, и оставете уште малку да врие. Посолете, додадете бибер и зачини по вкус.

Тргнете го од рингла, додадете сечкан магдонос и лист целер. Оставете да се олади.

Во чинијата од претходно изматете јајвце со вилушка, додадете една црпалка чорба, мешајте со вилушката и понатаму убаво да се соедини. Чорбата не смее да биде врела кога ќе го правите тоа бидејќи јајцето ќе се згрутчи.

Вратете ја содржината од чинијата назад во тенџерето, со постојано мешање, затворете го тенџерето малку да отстои и потоа послужете.

Прегледи:
520
Објавено на:
18.11.2021