Категории

Ручек за половина час: Тиквици полнети со зеленчук (ВИДЕО)

Лесен рецепт за љубитеите на зеленчукот со одличен вкус. Може да додадете малку кашкавал, но ако немате, не мора бидејќи оброкот и без тоа ќе биде превкусен. Можете да додадете и малку варен ориз, ситно сецкан компир и секој друг зеленчук кој ви се допаѓа. Уживајте во прекрасниот вкус.

Состојки:

  • 2 поголеми тиквици
  • 1 зрела пиперка
  • 1 праз
  • 1 домат
  • 1 морков
  • масло
  • бибер

Подготовка:

На масло пропржете го празот исечкан на кругови, додадете ја пиперката сечена на коцки, морковот, како и делови од тиквицата. Додадете зачин, сол, бибер и динстајте да омекне.

Издлабените тиквици поредете ги на подмачкан плех и коритата на тиквиците пополнете ги со динстаниот зеленчук. Одозгора покријте ги со доматот исечкан на кругови. Додадете уште малку масло и печете на 200-250 степени околу 30 минути.

Добар апетит!