Категории

Руми: „Слушајте го внатрешниот глас кој дури и во најтешките времиња вели – Сѐ ќе биде добро!“

Ретки се поетите кои со својата сила на пишаниот збор можат да ја отворат вратата на нашето спознавање на себеси самите и така да ни помогнат да пребродиме тешки и предизвикувачки времиња и да ја вратиме животната сила и верба.

Еден од нив е суфијскиот поет и мистик – Мевлана Џелалудин Руми, кој живеел во 13 век.

Во кризните времиња секогаш можеме да се свртиме кон самите себеси, во величенствените предели на срцето за кои со занес и носталгија пишувал Руми.

Суфијците го нарекувале Руми „стебло на љубовта“. Неговите стихови се проткаени со љубов, која извира од длабочината на самиот збор и значењето кое му го придаваме.

Тука не се работи само за обична минлива страст, туку за универзална и сеприсутна божествена љубов, кога сите нас не обединува и спојува и која всушност ниедна душа не ја остава сама.

Ви претставуваме пет од најубавите поуки на Руби кои ја враќат вербата и силата во кризни ситуации од животот:

1.Засакајте ја тишината, не дозволувајте таа да ви биде наметната.
„Затвори ја вратата на зборувањето (устата). Отвори го прозорецот на љубовта (очите)“
Исклучете се од надворешниот свет за да ја почувствувате убавината на тишината.

Ако живеете сами внатре во своите четири ѕидови, прегрнете ја тишината како сопствен избор. Не дозволувајте таа да ви биде наметната, затоа што тоа ќе создаде додатен отпор.
Зборовите често се празни и одвишни, а понекогаш дури и го попречуваат оној „интимен разговор“ кој се води помеѓу две срца. Руми во своите стихови зборувам за токму таква невербална комуникација.

2.Одморете од се што досега ве исцрпувало
„Откако со денови се гостиш, пости. Отакко со денови спиеш, биди буден цела ноќ. Откако со денови раскажуваш горчливи приказни, два дена помеѓу слоевите на таа баклава вметни тивко повлекување – таму каде што душата се насладува и света повеќе од приказната.“

Нека ова кризно време ви послужи како прилика за промена, која можеби сте ја посакувале и претходно, но секогаш повторно ја одложувате и се враќате на старо.
Како и постот, дозволете му на својот организам да се прочисти и одмори од вишокот храна, но исто така и од лошите мисли и емоции.

3.Не барајте мудрост и сила надвор од себеси самите
Руми низ овие стихови не учи дека сета мудрост на светот е сокриена во нас самите.
Ако бараме потврда, вистина, сила, одобрување кај другите – ќе се разочараме. Од едноставни причини затоа што никој не може да ни го даде тоа.

Не слушјте вести, слушајте го внатрешниот глас, тивкиот глас на интуицијата, кој дури и во најтешките мигови зборува: „Се ќе биде добро!“